Времето денеска во Македонија ќе биде умерено до значително облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе започнат во пладневните часови во западните делови, а поизразени ќе бидат во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 12 Целзиусови степени, Маврово 8, Охрид, 13, Битола 14, Крива Паланка 12, Берово 11, Кавадарци 13, Дојран 15.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд претежно во планинските делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец поизразен попладне, а дневните температури ќе достигнат од 11 до 18 степени.