Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Попладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места со послаб интензитет. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Денеска и во среда ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. В среда и четврток ќе преовладува променливо облачно и студено време со повремени слаби локални врнежи претежно од снег.