Времето утрово ќе биде студено, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност.

Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус 3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 11 степени.

И во текот на оваа седмица ќе се задржи претежно стабилно време со појава на магла по одделни котлини со променлив интензитет. Во среда ќе има зголемена облачност и услови за локален слаб дожд.