Сончево време со мала до умерена облачност ќе преовладува денеска во земјава. Ќе дува умерен претежно северозападен ветер кој вдолж Повардарието и кон исток ќе засилува и ќе достигнува и до 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната од 4 до 13 степени.

Во Скопје, слично време со умерен до повремено засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 9 степени.

До крајот на работната недела ќе преовладува стабилно и суво време, повремено со подолги сончеви периоди. Наутро ќе биде студено, а кон средина на неделата наместа утринска температура ќе се спушти до -10 степени.