Избори ќе имаме на 14 или 21 јуни, најави вечерва српскиот претседател, Александар Вучиќ, откако соопшти дека в среда се укинува вонредната состојба, а од наредниот ден и полицискиот час во земјата, пренесе “360 Степени“.
Тој рече дека конечната одлука ќе се донесе по консултации со политичките партии што сакаат да учествуваат на изборите.
„Ако сакаат да добиеме уште шест дена, може да одиме на 21 јуни. Јас сум подготвен за избори и на 14 јуни“, рече Вучиќ, во гостувањето на ТВ „Пинк“.
Првично, парламентарните, покраинските и локалните избори во Србија без закажани за 26 април, но исто како и во Македонија, беа одложени поради коронавирусот.
Во Србија досега се дијагностицирани 9 464 пациенти со ковид-19, од кои 1 551 се излекувани, а 193 лица се починати. Во моментот има 7 720 активни случаи.