WineBerry е новиот вински бар и продавница отворен во центарот на градот. Со уникатен концепт нуди повеќе од 150 вински етикети, од странски и домашни винарии. Единственоста на WineBerry започнува од големиот но внимателно составен избор на етикети, пријатната атмосфера и стручната консултација и сугестија што купувачот може да ги добие. Во WineBerry може да се најдат најразновидни вина со потекло од Италија, Франција, Чиле, Нов Зеланд, Австралија, Јужна Африка, Калифорнија, Португалија, Шпанија, Аргентина. WineBerry уживањето во виното го прави достапно за секого а не привилегија само за познавачите, според сопственичката на винскиот бар, Јадранка КлариќКимовска, долгогодишен вински работник со огромно искуство и вински витез во Македонија.

“Ако вински бар и продавница е место каде што се нуди најголемиот и најдобриот избор на вина, мисијата наWineBerryе покрај со големиот избор уште и со правилно насочување накупувачот да му се овозможи преку познавање на виното, поголемо уживање. Овде секој ќе може да добие насоки за потеклото на виното, за сортата, за основните ноти, за храната со која се препорачува, што да бара и што да добие од виното”, вели сопственичката Јадранка КлариќКимовска.

Вината се достапни за дегустација на чаша иза купување во оригинална амбалажа и тоа по пристапни цени, а исто така се нуди и можност за мали групни дегустации што е посебно искуство во пријатните амбиент и атмосфера на WineBerry. Во продавницата се нуди и голем спектар вински аксесоари, за домашна но и за употреба во хорека синџирот.

Винскиот бар и продавница WineBerryво Скопје е лоциран на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, број 36.