За само девет дена тимот кој се справува со илегална миграција покажа големи резултати откривајќи 878 илегални мигранти кои сакале да влезат во земјава, од кои дури 680 се откриени на овој граничен премин, нагласи заменик дополнителниот министер за внатрешни работи,Славјанка Петровска која денеска беше во работна посета на ГП ,,Богородица“ за да изрази благодарност на припадниците на тимот.

– Пред некој ден имаа една исклучителна акција во која беа фатени 142 илегални мигранти. Лицето кое го сторило тоа кривично дело е идентификувано и против него, во соработка со јавното обвинителство, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, рече Петровска и посочи дека нашата земја се уште се соочува со предизвиците од илегалната миграција.

Петровска потенцира дека посебно сега заради зголемениот ризик и од пренесувањето на коронавирусот, треба да биде ставен акцент на борбата против илегалната миграција и упати четитки до колегите кои успешно се справуваат со неа.

Со оглед на тоа дека се најавува отворање на границите, Петровска истакна дека овој тим е свесен за ризикот од тоа и подготвен затоа што знае како се фаќаат мигрантите или организираните криминални групи со напомена дека различно дејствуваат во разни ситуации и оти постојанно го следат движењето на рутата. Таа е убедена дека и во иднина ќе продолжат успешно да се справуваат со оваа појава.