Од 5 до 11 јули евидентирани се 48 нови случаи на голема кашлица што е зголемување од 54,8 отсто во споредба со претходниот седмодневен период. Од новите случаи, осум се хоспитализирани. Заклучно со 11 јули, во државава се регистрирани вкупно 905 случаи на голема кашлица, се наведува во најновиот извештај што денеска го објави Институтот за јавно здравје.
Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од новите случаи се пријавени во Скопје – 30, осум случаи во Куманово, три во Тетово, по два случаи во Кратово, Гостивар и Битола и еден случај од Прилеп.

Возраста на заболените се движи од еден месец до 70 години, а најголем број случаи се од возрасната група до четири години.