За кого ќе гласа Крива Паланка?

За Љупчо, паланчанецот или за Јанушев ….?

За човекот кој секој слободен ден е тука во Крива Паланка или за човекот кој во овој град има дојдено се на се 3/4 пати во животот и тоа само за избори.

За човекот кој одговара на секој повик и порака и во доцна во ноќта за да му помогне на секој паланчанец или за човекот кој ниту го знаеме ниту ќе ни се најде некогаш.

За оној чиј даден збор важи или за оној чии ветувања се една обична лага.

За тој што реално може да излобира и да се избори за уште повеќе крупни проекти за овој регион или за оној за кој можеби очите нема да му ги видиме тука до наредните избори.

За тој што искрено си ги почитува семејните вредности, другарите, пријателите, сограѓаните или оној што се заканува со убиства и боксови кон жени.

На човекот кој не ги дели луѓето по партиска основа или на оној на кој прво ќе треба да му покажете партиска книшка па тогаш да побарате помош.

Може да се редат уште безброј споредби за двајцата носители на листите во ИЕ3, но почитувани, на крај ако сме реални, треба да заклучиме дека разликата помеѓу нив е огромна. Тоа се виде и во овие изминати три недели, кој водеше позитивна кампања а кој ширеше омраза и гнев.

На овие избори кривопаланчани имаат најлесен избор. Како што тој не ги дели по партиска основа, така и тие од сите партии треба да му ја дадат подршката на нивниот сограѓанин и борец, затоа што тој докажа и покажа дека може уште повеќе и уште подобро за неговата и ваша Крива Паланка!