Заврши седницата во Собранието каде што беа донесени измените на законот за заштита на населението од заразни болести.

Измените на законот беа донесени со 53 гласови ЗА, 26 воздржани, а немаше пратеници кои гласаа против.

Маската на отворено зтанува задолжителна, но сепак ќе има исклучоци кој не мора да ја носи на отворен простор.
Носењето маска на отворено ќе има исклучоци при спортување на отворен простор, при возење во приватно патничко возило, ако возачот е сам или со лице со кое живее во заедницата, при престојување во двор во семејна куќа со лица од истата семејна заедница, или во угостителски објект каде се применуваат специфичните протоколи за заштита.