Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски соопшти дека за прв пат во Крива Паланка како дел од новогодишниот базар, најмалите дечиња ќе имаат и ексклузивна можност да уживаат во целата уникатна програма со уште една содржина, бесплатно јавање на коњче пони и возење во новогодишна кочија со Дедо Мраз и Баба Мразица.

„Со ова ја збогатуваме целата содржината и ќе се обидеме да бидеме причина за многу детски насмевки и радост“, истакна Митовски.