Oпштина Крива Паланка објавува Јавен повик за прибирање на пријави за финансиска поддршка за реализација на мерка-Летување на деца од социјално загрозени семејства во лоша финансиска состојба врз основа на Програмата за социјална детска и здраствена заштита за 2024 година.
Рокот за поднесување на пријавите е 15 дена од денот на објавување на Јавниот повик.
На Јавниот повик имаат право да учествуваат: здруженија на граѓани, фондации, како и други правни субјекти (организации) што работат во областа на социјалната, детска и здравствена заштита.
Пријавата со целокупната документација треба да се достави во затворен и запечатен коверт на адреса: Општина Крива Паланка, Сектор за правни работи, јавни дејности и поддршка на градоначалникот, Одделение за Јавни дејности, ул.“Свети Јоаким Осоговски“ бр.175, 1330 Крива Паланка.