Повеќе од извесно е дека кривичниот суд ќе го прифати предлогот на скопското Основно обвинителство на тројцата предизвикувачи на инцидентот во скопското село Синѓелиќ да им се изрече казна од по 5.000 евра заради сторено кривично дело: непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Сега обвинетите, во понеделникот некаде околу 22 часот, биле затекнати надвор од нивните домови. Тие немале дозволи за движење и со тоа ја прекршиле Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на целата држава.
„По насоки на јавниот обвинител, Министерството за внатрешни работи постапува за идентификација на останатите лица кои на 13. април, во знак на протест, излегоа на улиците на Сингелиќ и со тоа го прекршија полицискиот час. Откако МВР ќе го документира целиот кривично-правен настан и ќе поднесе кривична пријава“, велат од Обвинителството.