За време на викендов времето ќе биде претежно стабилно и потопло. Минималната температура ќе се спушти до минус еден, а максималната дневна ќе достигне 20 степени.

Под влијание на нов влажен бран во понеделник попладне и во вторник времето ќе биде облачно, на повеќе места со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни, со пороен карактер и со појава на ретки грмежи. Температурата во вторник ќе биде во опаѓање и на планините врнежите ќе бидат претежно од снег, соопшти УХМР.