Од 08.30ч. поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец К.Паланка – г.п. Деве Баир.
Поради врнежи од снег на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека во 08.05 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
Забрана за движење на ТТМВ од 07:30 часот на регионалниот пат Р1303, Прилеп – Македонски Брод.
Воведени се забрани за движење на товарни моторни возила на следните патни правци:
• Дебар – Маврово
• Кичево – Гостивар (Стража)
• Тетово – Попова Шапка (забрана за ТМВ, за сите останати видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема).
Јавното претпријатие „Македонија пат“ информира дека на патниот правец Страцин-Куманово има магла поради што видливоста е намалена од 100 до 150 метри.