Зад нас е уште една успешна година. Година на реформи и на успешно реализирани програми, оцени министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски кој утрово имаше брифинг со новинари на кој беше направен осврт на се она што како министерство го направиле во корист на земјоделците, но и за идните мерки и активности кои ќе се превземат во новата 2024.
414471392_902089881284849_7984438595128113424_n
– Ова беше година посветена на малите производители со кои испишавме историја со над 2500 регистрирани мали оператори со храна.
Годинава стартуваше и новиот модел за субвенционирање, модел со кој за прв пат ќе следува 30%авансна исплата на субвенциите, 750 милиони денари ќе бидат исплатени на 40.000 земјоделци, порача Николовски.
Вкупно досега исплатени се 157 милиони евра во земјоделскиот сектор. 2023 е година на нови успешни вински приказни и импозантна бројка од 255 винарски визби од кои 173 се мали семејни винарии..
Година на ИПАРД! Ние сме лидери во регионот, потенцираше Николовски.
– Година на мали манифестации низ целата држава, 67 локални манифестации со наша поддршка. Зелената транзиција беше наш прв приоритет реализирајќи ја големата акција за пошумување каде засадуваме 1.200.000 дрвја. Вложуваме во реконструкција и изградба на нови водоснабдителни ситеми обезбедувајќи наводнување до секоја земјоделска површина. Браната Конско е целосно изградена, важна капитална инвестиција на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вредна 40 милиони евра, појасни Николовски пред новинарите.
– Законодавството го усогласуваме со европското, донесени се нови европски закони за Советодавни услуги, Законот за зоотехника, Законот за рибарство и аквакултура, Законот за вино, Закон за дивеч и ловство. Оваа година позизитивни коментари и оценки доби македонското земјоделство во извештајот на Европската Комисија, додава ресорниот министер.
МЗШВ е на врвот на листата за транспарентност со 100 процентна исполнетост на условите.