“Од понеделник, 20 јануари ВМРО-ДПМНЕ ќе започне со кампањата ,,Обновата ПРЕД ВАШИОТ ДОМ”.
Тимови на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги посетат вашите домови, ќе ги посетиме сите населени места, села и градови. Ќе разговараме со секој еден од Вас. Ние сме едни од вас и заедно со вас ќе ја поразиме оваа штетна власт. Доаѓаме сега, но ќе дојдеме и по 12-ти април да дадеме отчет за сработеното, за мерките кои сме ги направиле и ќе ги направиме.
Вие граѓаните сте причината за која работиме, и заедно ќе создадеме иднина. Заедно да ставиме крај на поразите, измамите и криминалите.
Заедно да се избориме за подобро утре и шанса која и треба на Македонија.
Обновата пред Вашиот дом, за вас и за Македонија!” – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.