Премиерот Зоран Заев апелира до МВР да го објави извештајот во врска со пожарот во модуларната болница во Тетово, бидејќи тој и Владата не можат да дадат наредба на орган кој не е под нивна надлежност, како што e Јавното обвинителство. Можам да апелирам да се објави извештајот, вели

– Можам да апелирам час поскоро, по завршување на квалитетна истрага, да се објави, но можам да побарам од МВР, тоа што е делокруг кај нив како орган под состав на владата, да го објават, да го соопштат до граѓаните, затоа што поминуваат неделите и навистина треба да се дадат соодветни одговори, прво за граѓаните, а секако и за нас како Влада да ги носиме соодветните одлуки. Знам дека делот на форензиката, вештачењето кое го направи МВР е доставено до Јавното обвинителство и од тој аспект очекувам во следните денови да се објави од страна на МВР тој извештај, а Јавното обвинителство можат да си продолжат со истрагата, изјави Заев.

Пожарот во тетовската модуларна болница се случи на 8ми септември неколку минути после 21 часот. Во трагедијата, животот го загубија 12 пациенти и две лица кои во моментот биле во објектот.