“Нема да има бегање од одговорноста, ќе одговара секој што прекршил закон, без разлика колку и пари да сте земале, колку и да му должите, нема да го спасите Орце Камчев од одговорност за предметот “Империја” изјави претседателот на СДСМ и поранешен премиер, Зоран Заев, во телевизиското соочување со Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ, во “Отворено студио” на 24 телевизија.

Заев воедно порача дека станува јасно дека заради финансирањето на Орце Камчев, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски свесно и намерно го кочеле Законот за јавно обвинителство.

“Затоа правевте се’ за да не се донесе Законот за јавно обвинителство, дури имаше и закани кон пратеници за да не гласаат за Законот за јавно обвинителство, закани лично од Мицкоски, но ете Законот е донесен и стапи на сила. И ќе има одговорност од секој во оваа држава, како сака нека се вика, секој ќе одговара” – истакна Заев.