„Во 2016-та година Пржинската влада имаше смисла затоа што ВМРО-ДПМНЕ ја имаше узурпирано државата со премногу направени проблеми. Но, кога бевме во фаза да го потпишеме Преспанскиот договор, тие не условија дека ќе седнат на маса ако ветиме техничка влада и за следните избори. Со оглед дека бевме условени, ние моравме да прифатиме, пак заради доброто на државата, само за да го финишираме решението со спорот за името. Се согласувам со критиките дека овој модел денес носи кавги“- изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев на телевизиското интервју за Клан.

Но, и покрај тоа што јавноста е сведок на постојани препукувања на министрите од СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ додаде Заев, сепак поважно е дека нема застој при носењето економски одлуки, односно нема прекин на континуитетот на економијата, што е многу важно за државата.

„За мене е важно да не прекинат економските процеси, на кои сме фокусирани откако на меѓународен план ја етаблиравме државата. Донесена е одлука за Чебрен и Галиште, одлука за Осломеј, одлука за гасификација на државата, со еден збор, одиме напред и очекуваме така да продолжиме и после избори“- рече Заев.