Речиси три децении градиме демократски институции и вредности, постојано и внимателно, низ славења и премрежја, истакнува премиерот Заев по повод Меѓународниот ден на демократијата.

Тој посочува дека речиси три децении градиме демократски институции и вредности, постојано и внимателно, низ славења и премрежја.

Заев додава дека владеењето на правото, слободата и еднаквоста на сите граѓани, правото да се слушне и најтивкиот глас и да му се даде на значење во медиумското опкружување кое е слободно и разнолико, е основата врз која го градиме нашето општество.

„Пред неколку години се соочивме со заробена држава, демократијата беше деградирана, а можноста да се учествува беше оставена на мала, привилегирана група луѓе.

Сега е поинаку, членка сме на НАТО, чекориме забрзано кон ЕУ. Политичките процеси се отворени за секого, транспарентни и инклузивни. Граѓаните повеќе не шепкаат туку говорат гласно.

Да не заборавиме колку е кревка демократијата и никогаш повторно да не се вратиме во мрачното минато. Заеднички имаме светла иднина. Одговорноста за тоа во каква држава живееме и ќе живееме е на сите нас. Да продолжиме напред, гласно и слободно, отворени кон светот!

Ви го честитам Меѓународниот ден на демократијата и ве повикувам заедно храбро напред, уште подобро и уште повеќе.“, напиша премиерот Заев на ФБ по повод Меѓународниот ден на демократијата.