Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска ќе изврши увид на работните активности на патот Крива Паланка – Деве Баир.

При увидот премиерот Заев ќе биде придружуван од вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми и градоначалникот на Општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски.
Заев и министри од економските ресори ќе присуствуваат и на отворањето на новата инвестиција на конзорциумот на домашни и странски инвеститори „Интернешанал фреш фуд” за бројлерско производство во селото Гиновци во Општина Ранковце.

По обиколката на халите, премиерот Заев ќе има обраќање, а ќе има можност и за новинарски прашања и за присутните министри, се додава во соопштението.