Како победничка коалиција нема да дозволиме да бидеме уценувани и нема да прифаќаме непринципиелни преговарања и договарања, рече денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев по потпишувањето на договорот за предизборна коалиција со Движењето Беса, пренесе Алсат-М.

Обраќајќи се до другите албански партии и коалиции Заев нагласи:

„Што се однесува до другите албански партии и коалиции, сакам да ја уверам јавноста, дека како победничка коалиција нема да дозволиме да бидеме уценувани и нема да прифаќаме непринципиелни преговарања и договарања. Оние коишто ќе сакаат да се приклучат на победниците ќе треба да ги прифатат нашите принципи и вредности за евентуално учество во владина коалиција“, рече Заев.