„Како здрава и солидарна нација мора да помагаме и да даваме поддршка на инфицираните, а не да стигматизираме и да покажуваме со прст кон нив“, оцени претседателот на СДСМ Зоран Заев на денештото гостување во Канал 5.

Тој нагласи дека во таква ситуација може да се најде секој од нас, од нашите семејства и блиски и затоа мораме заеднички да ја пребродиме оваа здравствена криза.

„Не се согласувам со стигматизирање, со маркирање. Секој мора да се стави во нивна ситуација. Ние треба да им се најдеме на луѓето, да им помогнеме да го пребродат тоа побрзо. Стигматизирањето и покажување со прст е лошо“, истакна Заев.