Ве известуваме дека премиерот Зоран Заев ќе ја предводи владината делегација која ќе земе учество на редовниот состанок на иницијативата „Отворен Балкан” која ќе започне денеска со работна вечера на лидерите на трите земји и придружните делегации во Тирана.

Во текот на утрешниот ден започнува официјалната агенда во која се предвидени следните активности:

Лидерска средба на која ќе говорат: Н.Е. Еди Рама, премиер на Република Албанија, Н.Е. Александар Вучиќ, претседател на Република Србија, Н.Е. Зоран Заев, премиер на Република Северна Македонија, Н.Е. Оливер Вархеји, комесар за проширување и соседство (онлајн), г-ѓа Мајлинда Брегу, генерален секретар на Советот за регионална соработка, Г-дин Емир Џикиќ, директор на Секретаријатот на ЦЕФТА, Г-дин Матеј Закоњшек, директор на Транспортната заедница и Марко Чадеж, претседател на Трговско-индустриската комора на Србија;

Потпишување на мултилатерални и билатерални договори: Договор за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан. Договор за меѓусебно поврзување на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан. Договор за соработка во ветерината, безбедноста на храната, храната за исхрана на животни и фитосанитарната област на Западен Балкан. Договор меѓу Владата на Република Србија и Советот на министри на Република Албанија за взаемно признавање на овластувањата за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (AEOS). Договор помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за заемно признавање на овластувањата за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (AEOS);

Форум за агро-култура и финансии;
Заедничка прес-конференција на лидерите на земјите членки на „Отворен Балкан”.
Дополнително ве известуваме дека новинарите кои беа акредитирани ќе бидат сместени во посебен медија центар во организација на Владата на Република Албанија.