-Малку задоцнивте со тоа „Ќе направиме се што треба“, му порача Зоран Заев на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашниот ТВ дуел на Канал5, откако Мицкоски рече дека ќе стори се што треба за побрзо добивање на датум за почеток на преговори со ЕУ.

-Кога се правеше во државата се носеа храбри одлучни одлуки кои дефинитивно ги решија целите, ЕУ и НАТО. Како без решение на името ќе бидеме членка на ЕУ и НАТО, праша Заев.

Заев му реплицираше на Мицкоски дека Орце Камчев им е спонзор и финансиер на партијата ВМРО-ДПМНЕ бидејќи им опростил дури 400.000 евра.