Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашното интервју во “Отворено студио” на 24 телевизија, со честитка до сите граѓани по повод 5 мај – Денот на македонскиот јазик, при што даде свој коментар за последните актуелизирања на прашањето со македонскиот јазик од страна на опозицијата кои ги оцени како игри на национализам и популизам исклучиво за политички цели, односно во пресрет на избори.

“Дефинитивно, ако некој можел да најде решение со соседите ние докажавме кој е тој. Ако сакаме кавги со соседите повторно знаеме кој е тој. Во секој договор двете страни треба да бидат победници. Уште со признавањето на нашата земја од ООН нашиот јазик е запишан како македонски јазик, а Бугарија не го спорела тоа, исто така поранешниот премиер Георгиевски потпишал договор во кој се спомнува македонскиот јазик, а и сето она што ние последно билатерално го потпишавме беше и на македонски и на бугарски јазик и тоа е идентитетот. Она што граѓаните мора да го знаат за идентитетските прашања е дека во времето кога јас уште бев градоначалник на Струмица, Институтот за македонски јазик “Крсте Петков Мисирков” немаше одобрение од Груевски да го одржи годишниот симпозиум. Јас ги поканив, Струмица им беше домаќин.

Нашите квази-патриоти или таканаречени националисти и популисти, а ни господинот Мицкоски, до ден денеска се немаат оградено од изјавата на висок член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ дека Блаже Конески е “џуџето од Небрегово”. А, Блаже Конески рече дека јазикот ни е татковината!” – заклучи Заев.