Премиерот Зоран Заев сношти во телефонски разговор му ја честитал победата на претседателот на Република Бугарија Румен Радев на претседателските избори што се одржаа денеска.

-Во телефонскиот разговор што го имав со Претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, му ја честитав победата на претседателските избори и посакав добробит за нашиот сосед и за целиот бугарски народ. Се согласивме дека Бугарија и Северна Македонија ќе продолжат низ дијалог и меѓусебно разбирање да бараат решенија во име на заедничката европска иднина, стои на фејсбук профилот на премиерот Зоран Заев.

Според паралелното пребројување на 100 отсто гласови направено од Галуп, актуелниот претседател на Бугарија и кандидат за втор мандат Румен Радев доби 66,4 отсто гласови. Независниот кандидат Анастас Герџиков освои 31,9 отсто.