Никој не праша колку Албанци или колку Македонци се заразени со Ковид-19, е ова е општество еднакво за сите, рече претсетдателот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашното интервју на ТВ Телма.
Во однос на високиот рејтинг на СДСМ, Заев рече дека се должи на исправните економски мерки.
„Лично верувам дека мојата политичка опција заедно со граѓаните, тоа што го нудиме, и како кадар, и како политика, дека ќе имаме нов мандат. Очекувам да порасне нашиот рејтинг до есен и да имаме предност и осум проценти, затоа што имаме солидни економски мерки. Имаме доволно пари, имавме голем пораст на БДП. Тврдам дека ќе бидеме економија за најмалку последици од пандемијата. Затоа и имавме рестриктивни мерки, за да спречиме ширење на вирусот”, изјави Заев.