Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во гостувањето на дневникот на Јавниот сервис го оцени 26. Конгрес на СДСМ како исклучително успешен, со нова енергија, додавајќи дека сега граѓаните со право ќе чекаат резултати од нивите кадри.

“Направивме една промена на генерациите, сега ги вградивме и добија шанса да бидат креатори на политики. Сето тоа ја позиционира СДСМ на едно многу повисоко ниво. Не е доволно тоа, сега луѓето ќе чекаат резултат од таквите нови кадри, но не е само новата политика на СДСМ во новите кадри. Новите политики за нас значат уште посериозно фокусирање кон зелената агенда тоа е еден од главниот приоритети но и сериозен потенцијал за инвестиции во нашата земја пред се заради економски кревање на стандардот. Дополнително фокусирање кон работниците кон земјоделците, кон стечајните работници затоа што таму има уште една категорија која се уште не е опфатена со сегашните решенија односно свртување кон левичарските политики, затоа што сме левичарска партија, посочи Заев.

Претседателот на СДСМ истакна дека СДСМ и Владата се водатат по примерите на развиените држави како Португалија и Шведска и тоа што таму дава резултат треба да се примени и во нашата држава доколку е применливо и во нашите околности.

„Сакаме нашите граѓани да го доживеат тоа, за да доживеат повисок стандард, повисок квалитет. Сето тоа е дел од новите политики”, заклучи претседателот Заев.