Зоран Заев, претседателот на СДСМ и поранешен премиер, во емисијата “Патот кон” на Алсат-М, го искажа својот став во однос на ставовите на опозицијата која тврди дека доколку се оди на брзи избори ќе нема излезеност бидејќи граѓаните ќе стравуваат од можноста да се заразат.

“Јас мислам дека излезеноста ќе биде како на претседателските избори, па дури и нешто повеќе од претседателските избори. Секако дека политичките партии ќе ги мотивираат своите поддржувачи да излезат.

Очекувањата се дека кризата ќе биде спласната или целосно намалена во времето кога би се одржале избортите. Ќе биде исто како одење во маркет, одиме да пазариме за да имаме намирници. Исто ќе биде и сега, ќе одиме со маски и ракавици и државата ќе обезбеди доволно опрема за сите. Нема поважно од здравјето и безбедноста на граѓаните.

Бројот на тестовите на дневна основа опаѓа затоа што нема луѓе со симптоми и ако тој тренд продолжи логично е да правиме план кога државата ќе ја ставиме во одговорна позиција. Техничка влада може до издржи и до крај на мандат, но кој ќе ја преземе одговорноста ако немаме парламент, ако граѓаните не се задоволни кај кого да се обратат?” – запраша Заев.