Денес претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на средбата со жителите на општина Демир Капија го најави Интервентниот план за инвестиции – кој е над 8 милијарди евра.

“Инвеститорите ги носиме во секој град и секое населено место. За нас нема големи и мали општини, важни и неважни. Се определивме за политики на рамномерен регионален развој и тие ќе овозможат луѓето да се определуваат да живеат и работ во родното место, бидејки ќе имаат избор, ќе имаат шанса да работат” – рече Заев.

Заев додаде дека ќе се утврдуваат заедничките потребите на граѓаните во одреден реон, маало или населба – и, општината епланирано ќе нуди субвенции, за да се отворат нови локално дефицитарни бизниси и додаде дека тоа – и ќе отвори нови работни место – и ќе биде добро за вас граѓаните кои за своите потреби ќе може да се обратат во родното место, а не да се прават трошоци по други градови.

Тој низ бројки се осврна на реализираните проекти во минатите 4 години: 60 градинки, 80 училишта, 60 објекти за полицијата, 34 здравствени установи, 20 домови на културата, театри, општински згради и на демиркапијци им најави изградба на автобуска станица, изградба на пречистителна станица за отпадни води, хортикултурно уредување на село Корешница!и инвестиции за развој на спортот и спортски објекти.

Како никогаш порано се инвестирала во општините и тоа со рамномерна грижа за сите општини, за секој регион, со опфат на сите жители и така ќе продолжат и во следните години.