„Додека државата ја носевме во НАТО, решававме надворешнополитички прашања, внатре подававме рака на сите и остваривме сериозни успеси. За општините обезбедивме помош како никогаш претходно. Со преку 50 милиони евра ги раздолжвиме, а потоа преку разни програми вложивме над 500 милиони евра за реализација на повеќе од 7 илјади проекти“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на трибината „Најдоброто за мојата општина“ во Тетово.

„Помеѓу тие 7 илјади проекти се и изградбата на студентскиот дом за потребите на Државниот универзитет во Тетово, реконструкција на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка, изградба на нов училишен објект во Мала Речица, филтер станица на водоснабдителниот систем во Тетово, пливачки базен, 5 автобуси за јавен транспорт, реконструкција на средното општинско училиште Кирил Пејчиновиќ, ја ичистивме депонијата и реализиравме и многу други проекти“ кажа Заев.

Тој додаде дека сите проекти се рализирани со цел да се унапреди квалитетот на живот во овој убав град и сите околни населени места.

„Најдоброто во ова наше Тетово е доктор Хамдије Елезовиќ, чесен и посветен човек и докажан здравствен рабоник. Со него и советничката листа на СДСМ и коалицијата сте на сигурно дека поделбите и омразата никогаш нема да се вратат. На сигурно сте дека развојот на Тетово ќе биде посилен“ кажа Заев.