– Во демократска земја треба да се прави јасно разграничување на извршната, парламентарната и судската власт. Извршната власт ги изготви решенијата, парламентот ги донесе сега народот очекува практичната примена на законите, вклучително со законот за ЈО. Она што беше важно да испратиме порака дека не треба да се дозволи застарување на предметите, не смее да се чуваат во фиока, да се враќаат од почеток…порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашниот ТВ дуел со Мицкоски.

Заев потести дека диригирањето на пресудите и влијанието директно врз судиите беше до 2017. и дека тие против тоа се бореле.

-Одговорноста на судиите е пред народот и јавноста која им дава плата. Согласно доказите, да се носи одговорност!