Не штедиме средства да се изгради ново училиште се со конечна цел да ги задоволиме правата на еднаквост на сите граѓани за употреба на својот мајчин јазик при школувањето на децата, истакна премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање при денешниот увид на просториите во кои се всели Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.
– Иако имаме големи успеси во градењето на едно и еднакво општество, тоа не значи дека сме ги решиле сите прашања. Но, како ги носи одлуките оваа Влада и досега е покажано. Не штедиме средства да се изгради ново училиште се со конечна цел да ги задоволиме правата на еднаквост на сите граѓани за употреба на својот мајчин јазик при школување на децата, рече Заев, посочувајќи дека се изработени проектни документации и се алоцирани средства за изградба на училишта во Чашка, Бутел, Блаце…
Имаме, наведе, такви потреби за училишта дури и во соодветни средини кадешто живеат и други заедници освен албанската, како македонската, бошњачката и итн…
Премиерот Заев потенцира дека согласно материјалните и финансиските капацитети на државата ќе продолжат да инвестираат во изградбата на училишта се со конечна цел, како што рече, да има целосно право на определба родителите заедно со нивните дечиња да одлучуваат каде ќе учат во основното образование и каде ќе се образуваат во своето средно образование.