Раководството на ВМРО -ДПМНЕ и дел од нивните пратеници вршат притисок врз пратениците, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев на пресконференцијата на новинарско прашање во врска со тоа дали некој врши притисок на пратениците за гласањето на законот за Јавно обвинителство.
Пресконференцијата на Заев доаѓа во пресрет на гласањето на собранието на протоколот за НАТО и законот за Јавно обвинителство.
Заев вели дека имал збор од 80 пратеници но конечно дали е тоа така ќе се знае на чинот на гласањето.