-Толку е големо бунилото во ВМРО-ДПМНЕ, што преку нелегални снимки ја водат нивната внетрапартиска пресметка, несвесни дека со тоа прават промоција на политиките на Зоран Заев и партијата, реагираа од СДСМ по објавата на порталот „Инфомакс“ кој важи за медиум на опозицијата, финансиран со сомнителни средства од Унгарија.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев, очигледно не сакајќи да троши енергија на веќе видената пракса на ВМРО-ДПМНЕ за извртување на фактите во своја полза и пласирање на лажни вести по нарачка од „Будимпешта“, овој пат со сатира го утврди тоа што и за јавноста е очигледно.
„После внимателно и детално размислување за тоа кој би бил мотивиран да ги пушти овие денешни разговори во јавност, конечно сфатив. Јасно е. Мора да е или Ацко Поповски, шефот на ПР на СДСМ или Марјан Забрчанец, шефот на ПР на Владата. Мора да е некој од нив двајца. Нема кој друг да е мотивиран да пушти вакви разговори во јавност. Тие се задолжени и тие најмногу работат за афирмација на нашите политики и ставови. 😉“ – порача Заев на социјалните мрежи.
„Одличен потег на ПР тимот на СДСМ или на ПР тимот на влада. Фала другар Ацко, фала другар Марјан :))) “ – констатираше портпаролот на СДСМ Костадинов.
Разговорите всушност го креваат рејтингот на лидерот на СДСМ, смета јавноста.
Во аудио разговорите, претседателот Заев категорично потврдува дека не постојат разговори кои се дадени на никаков Чауш и на никој друг освен на СЈО. Разговорите потврдуваат дека граѓанскиот сектор е најсилниот поддржувач на правдата, на борбата против режимот и концептот едно општество за сите. Тоа се политиките кои ги поддржува граѓанскиот сектор, наспроти политиките на поделби, национализам и криминал и тоа е една од најголемите болки на режимското ДПМНЕ, порачаа од СДСМ.
Јавноста со реакции дека замислата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не им успеала, односно ефектот испадна обратен од тој со кој сакаат да дојдат на власт по секоја цена.
„Си дадовте автогол со пета!“, „Сигурен сум дека жмицко побарал од “Инфомакс ” да му спремат контра бомби …“, „Можам да заклучам дека овие појше штета им праат на вмро него на сдсм. Е до толку се “јаки” бомбите“ – се дел од коментарите на јавноста откако Мицкоски фатен на дело дека доказите за „Рекет“ водат кон Белата палата се брани од Шутка.