Огромна благодарност до Фондацијата Фридрих Еберт – Friedrich-Ebert-Stiftung, за честа, но и одговорноста, што ја добив престижната Награда за човекови права за 2020 година, напиша Зоран Заев на својот ФБ профил.
Ова признание пристигнува токму денес, кога одбележуваме 2 години од потпишувањето на Договорот од Преспа, „за придонес кон мировната политика, заснована врз склучување на Договорот за пријателство со Бугарија во 2017 година и Преспанскиот Договор со Грција во 2018 година. Со тоа конечно, после 27 години, решена е блокадата на Северна Македонија за членство во НАТО и почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ“ како што стои во нивното соопштение – www.fes.de/menschenrechtspreis. – сподели Заев.
Продолжуваме да се бориме на граѓаните да им овозможиме европска иднина и слободно и отворено општество, порача Заев.