Премиерот Зоран Заев, уште од раните утрински часови е во Софија поради ужасната несреќа во која загинаа 46 лица, а 7 преживеаја. Тој како што кажа, имал можност да разговара со сите седум преживеани, а секој од нив имал различно видување за несреќата.

-Се видов со сите седум преживеани. Секој од нив има свое видување за несреќата, кое е логично, но сепак треба да се сочека истрагата за да не испаднат шпекулација што е посебно недозволиво во овие тажни моменти за семејствата на починатите, истакна Заев за „Фокус“.