Подобро сите да стиснеме заби два месеци, со цел секој да може да има приход, отколку да се доведе во прашање генералната исплата на платите. Вака лидерот на СДСМ ги правда предлог мерките за надминување на економската криза од коронавирусот, кои неговата партија минатата недела јавно и ги соопшти на јавноста, а сега очекува за нив да се изјасни и Владата.

Во интервју за Фактор, Зоран Заев, претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, искрено говори дека поради кризата, во буџетот на земјава се очекува приходите да се намалат за 60 отсто, што може да значи недостиг од 2,2 милијарди евра.

Заев зборуваше и за преговорите со ЕУ.

Фактор: Земјава најверојатно во јуни ќе ги стартува преговорите со Европската Унија. Оваа вест, поради актуелната криза, не го доби вистинскиот третман во јавноста. Конкретно, на економски план, какви за нас ќе бидат бенефитите?

Заев: Во време на огромна здравствена криза во светот, до нас стигнаа позитивните вести што ги очекувавме безмалку 30 години. Нашата татковина стана членка на НАТО и почнува преговори со ЕУ. Не е сеедно што ова не успеавме да го прославиме на начин како што доликува, но знам дека во овие невообичаени времиња, секој од нас е среќен за ова што го постигнавме и им честитам на сите граѓани на овој историски успех. Тоа значи сигурна и стабилна иднина, но и економска стабилност и предвиливост, она што е многу важно во овие околности. Веќе ги гледаме првите придобивки од ЕУ. Обезбеден е првичен пакет меѓу 66 и 70 милиони евра помош за справување со кризата со коронавирусот и тој пакет ќе расте во месеците што доаѓаат. Само со почетокот на преговорите за нас како држава на располагање ни стојат 2 милијарди евра за следните неколку години од фондовите. Да не го заборавиме и НАТО, пазар од 4 милијарди евра годишно на кој сега и ние и нашите компании ќе имаат слободен пристап. Да ја победиме и оваа криза, допрва ќе ги чувствуваме придобивките од ЕУ и НАТО на економски план.

Целото интервју на следниов ЛИНК.