Утре во Брисел се одржува првиот Самит на НАТО на кој Северна Македонија учествува како полноправна членка, објави премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук профил.

– Рамо до рамо со нашите сојузници, целосно сме посветени на колективната безбедност. Затоа што ние сме НАТО. Заедно сме посилни!, напиша Заев на неговиот ФБ.