Со развиени паркови и инфраструктура, паркови, зеленило, училишта и други забавни површини, со проевропски идеи очекувам општината Карпош да се развива и понатаму, а голема благодарност и до досегашниот градоначалник Стефан Богоев, кој го врати духот на Карпош, а тука нема застанувања со Душко Весковски напредокот продолжува, рече претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Карпош, салата Борис Трјаковски.

-Општината Карпош имаше една милијарда долгови, ги расчистивме долговите, денеска нема непродуктивни трошења и затоа има толку над 7000 проекти за улилишта, библиотеки игралишта, градинки, улици и патишта, водоводи и прочистителни станици, дополни Заев.
Според него во општините не само што биле оставени долгови, туку ВМРО-ДПМНЕ се креатор на лажни вести, блокатори на закони и сакаат граѓаните да ги вратат наза.

– Но ќе успееме и ќе го исполниме дадениот збор, никогаш повеќе фашизам и никогаш повеќе маскиран фашизам во режим. Во скоро време ќе започната процесот со чекорите до поглавјето, економски развој, најдоброт за општините е најдоброто за грашаните, Карпош ќе продолжи по патот напред, најдоброто е можно , заклучи Заев.

Тој во општината вети изградба на две нови градинки, голем зелен парк кој ќе никне следната година, ново катче не само за карпошани туку и граѓаните на Скопје, ботаничка градина и рекреативни зони, младински центар, урбанизација кон Злокуќани и Бардовци, Зелен пазар во Бардовци итн.
Jordancho
Jordancho Minevski
Заев на Сител: Убаво е кога ќе видите дека се реализирани проектите откако ќе поминетете 650 села и 34 града

Убаво е кога ќе ги поминете сите повеќе од 650 села во државата, 34 града заедно со главниот град на државата и ќе видите дека во секое село, маало се реализирани многу проекти, истакна во вестите на Сител телевизија претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Тој кажа дека до граѓаните е доловено колку се важни општините за секојдневниот живот, па затоа е исклучително важно какви луѓе ќе ги водат општините.

-Убавината на овие избори е што се зборува насекаде за многу проекти, испорачан е убав збор пред граѓаните во форма на ветување за сето тоа што треба да се работи во следниот четиригодишен проект, дополни тој.

Заев им порача на идните градоначалници да си го сакаат својот народ и да ја прифатат честа и одговорноста која што луѓето им ја даваат на изборите, да му служат на народот, да бидат фер и правични кон сите и да ги распределат финансиските капацитети во форма на проекти и решавање на проблеми подеднакво.

-Секоја година при формирање на буџетот да ги слушаат граѓаните што е според нив приоритет за нив, а не според општинската администрација или генерално според градоначалникот.

Според Заев граѓаните се неприкосновените конечни одлучувачи на локално ниво, кој што се и во демократијата на државно ниво, затоа тие знаат што е најдобро, што е најголем приоритет за нив и затоа мојата препорака е да бидат отворени за граѓаните.

-Секогаш проблемот на еден поединец, на едно семејство е можеби навидум само еден проблем, но за тоа семејство е најголем на светот, да бидат овде да помогнат во решавањето на тие проблеми, да не се препуштам само на работа на проектите и реализација на програмата, човечноста да не ја изгубат, да им служат на луѓето и да бидат секогаш до нив, нагласи Заев.