-Благодарност до медиумите и до регионалната комора во Прилеп која ни овозможи да разговараме за економските политики на целиот овој регион многу значаен за нашата земја. Држиме сериозни консултации со економските чинители или оператори во нашата земја пред се приватниот сектор заради тоа што имавме успешна соработка досега и димензионираме еден нов 4 годишен период каде очекуваме оваа соработка да расте и да биде попродуктивна заради тоа што нашата држава веќе е решени прашања во делот на стратешките определби НАТО, ЕУ, прашањата со соседите и концептот едно општество за сите, рече Заев при денешната посета на Прилеп.
-Останува период каде треба да работиме сите заедно со заеднички сили за севкупна внатрешна трансформација на нашето општество низ поглавјата како што тоа го правеле многу земји аспиранти за членство во ЕУ и економијата, тоа се двете теми на којшто ќе имаме сериозни дебати во овој период. Денеска сме овде да разговараме за деталите за овој значаен централен регион во државата каде имаме сериозни компании кои сериозно го полнат нашиот државен буџет, даваат плати на нашиот народ и се извозно доминантни и секако ја претставуваат нашата економска структура. Деталите регионални кои ќе ги разговараме се однесуваат на административни проблеми кои можеме да ги олесниме, тргање на парафискалните давачки за кои често зборуваме со коморите и стопанствениците низ државата, но поддршката која треба да расте бидејќи сакаме коматитивност на нашето домашно производство да биде поголемо и позначајно и на крајот тоа претставува поголема примамливост за младите да останат овде и да наоѓаат полесно работни места и секако за поквалитетно платени работни места, порача лидерот на СДСМ.