Запрашан дали во државава верските заедници се попривилегирани за разлика од останатите граѓани, Зоран Заев, лидер на СДСМ и поранешен премиер, во вечерашното гостување во “Топ тема” на Телма телевизија со став:

“СДСМ не само што ги осуди, туку и бара оставка од министерот за внатрешни работи кој е единствено надлежен да санкционира, покрај јавното обвинителство кое може да отвора истраги заради. Тој што казнува и тој што санкционира е МВР согласно законот. Ние побаравме и оставка од господинот Чулев и СДСМ се подготвува да поднесе и кривична пријава за да остане трага друг да не прави вака затоа што верувам дека и ИВЗ беше мотивирана од овој настан да каже ќе ги отвориме џамиите. Државата не ги затвори црквите и џамиите, државата воспостави рестриктивни мерки каде му дозволува на секој верник да се моли сам, ама група не може. Дистанца мора да се држи.

МВР знаело однапред, техничкиот премиер Спасовски јавно побара оставка, но овде се работи за принципи и санкцијата постои за нешто да не се повтори. Чулев не сакал да казнува народ, па кој сака да казнува народ? Зошто постојат санкции ако никој не сака да ги применува?

Јас сум православен верник, но ја осудив и Македонската православна црква која можела да купи барем пластичи лажичиња за Велигден, сите се снајдовме некако во кризата, па можеа и тие. Второ, ако треба да има одговорност, треба да има и од ИВЗ” – истакна Заев.