Запрашан како би ги искоментирал обвинувањата на опозицијата дека СДСМ брза на избори бидејќи наесен ќе се соочат со драстичен пад на рејтингот заради влошување на економските параметри, Зоран Заев, лидер на СДСМ и поранешен премиер,во вечерашното гостување во “Топ тема” на Телма телевизија со став:

“Мојата политичка опција, предложените кадри и јас за овие 2,5 години покажавме дека заслужуваме повторна поддршка со кадрите што ги нудиме. Економските мерки ќе не’ направат уште поуспешни. Го гледаме и високиот рејтинг на Филипче што се должи на добриот менаџмент и пожртвуваноста на здравствените работници.

Успеваме со преговорите за кредитите, очекуваме уште пари. Подготвуваме и трет пакет на мекрки. Рејтингот ќе расте бидејќи имаме вистинско димензионирање на мерките. Релевантни меѓународни институции тврдат дека нашата економија ќе помине со најмал удар, секако заради нејзините контури, но и заради добриот менаџмент” – истакна Заев.

Во однос на рејтингот, Заев со прецизен став дека рејтингот на СДСМ нема да паѓа, туку напротив ќе расте, а дека во моментов сите политички чинители во државата се подеднакво застапени во јавноста и во медиумскиот простор:

“Ако сега водиме 6%, тогаш уверен сум дека во септември ќе водиме 7-8%. Сега сите сме присутни секаде, никаде немаме некој да се жали на контролирани медиуми, демократските процеси течат слободно. Јас не сум никаде повеќе присутен од Мицкоски, неговите кадри се секој ден на прес-конференции. Ние рековме избори во средина на јуни, ама оставаме место и за договор” – додаде Заев.