Рано е да се зборува за избори, навистина рано. Посветени сме целосно на борбата против пандемијата на корона вирусот и против последиците што таа ги остава врз здравството, врз економијата, образованието, социјалниот живот. Избори ќе се случат кога ќе ја победиме оваа криза и општеството ќе биде подготвено за тоа. Кога дошол тој момент ќе осетиме заедно со граѓаните и со стручните лица од здравствениот сектор, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев за Независен.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го повика претседателот Пендаровски да закаже лидерска средба за да се најде излез од правниот и политичкиот ќор-сокак. Пендаровски го најави нејзиното одржување за почетокот на мај. Може ли политичките лидери да го решаваат правниот проблем околу свикувањето на Собранието и дали тоа не би се претворило во политички волунтаризам.

Сега не гледам причина за лидерска средба, можеби понатаму ќе се јави потреба. Институциите делуваат сосема соодветно за справување со кризата, тоа го потврдуваат и граѓаните и релевантните меѓународни претставници. Навистина, не е важна политичката кариера на лидерот на опозицијата, важни се граѓаните. Затоа така и треба да се однесуваме. Прво здравје и живот, после политика.

Целото интервју на следниов ЛИНК.