-Никаде во ниедна земја кога се воспоставување на правна држава и независна правда не било лесно. Можеше и Зоран Заев да ги затшкува случаите како што тоа порано се правеше. Зоран Заев го пријави случајот на 22 април директно во Јавното обвинителство, рече Заев во вечерашниот ТВ дуел на Канал5.

Лидерот на СДСМ и експремиер, потсети дека јавноста имала прилика да ги види пораките меѓу него и Боки13.

-Само така е исправно, а  понатака постапката ја води судството низ транспарентен процес, рече Заев.

-Бидејки ВМРО-ДПМНЕ нема што да понуди на овие избори единствената алатка им е дека Заев е вклучен во „Рекет“, соопшти Заев.