„Последните неколку изборни циклуси имаме добри, позитивни извештаи од ОБСЕ/ОДИХР, очекувам тој тренд да продолжи и со овие Локални избори“, порача вечерва во интервју за ТВ Шења претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Јас очекувам дека ќе имаме фер и демократски избори, прво, сите предуслови се запазени а пред се измените на Изборниот законик со новините со опозицијата, но каде и политички партии учествуваа во оваа работа. ВМРО – ДПМНЕ побара отисок на прст, тој го има веќе вградено во Законот, нешто што е важно за нив, а беше и наше барање кога бевме опозиција. Дополнителен гарант за „еден човек еден глас“ што е многу важно во демократијата.

Верувам дека сите штабови меѓусебно соработуваат, еве ние со нашиот прв опонент ВМРО-ДПМНЕ имаме координација прво заради распределбата на термините за не се „судриме“ во некои општини. Но, си ветивме дека ќе креваме телефон ако видиме дека некои од наши поддржувачи/активисти на терен не се однесуваат како што треба, па да превенираме, да спречиме, веднаш да делуваме. Тоа треба да биде така, оти на крајот, тој што ќе победи ако е тоа на нефер, недемократски избори – таа победа не е победа. Победници сме сите ако имаме фер, регуларни и демократски избори во којшто ќе веруваат сите. На крајот, околу некакво непризнавање на изборите, граѓаните знаат да препознаат дали е тоа реакција на некој ако реагира заради тоа што е поразен или има основ за такво нешто, заедничка должност на сите е да имаме фер и демократски избори. Само така сме сите победници“, посочи претседателот Заев.