– Нашата земја од осамостојувањето беше насочена кон НАТО како стратешка цел. Ние сме единствената земја, со гарантиран иденитет со свој јазик, признаени сме од цел свет, имаме перспектива, рече Зоран Заев во вечерашниот ТВ дуел на Канал5, потенцирајќи дека со тоа расте квалитетот на живот и стандардот на живеење.

-За жал опозицијата, на чело со Христијан Мицкоски, немаше сила и храброст да се вклучи во овој процес. Не смогнаа сили за еден аплаус, во еден таков свечен историски чин за нашата земја, појасни Заев.