Вчера, во 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на тунелот „Бадар“, мотоцикл „дукати“, со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Е. А. (42) од Гостивар, излетал надвор од коловозот.
Од добиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.